ГОЛЕМА ЕКОЛОШКА АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ШУТО ОРИЗАРИ И ВИЗБЕГОВО

Денеска општина Шуто Оризари ја реализира втората по ред ЕКОЛОШКА АКЦИЈА за чистење на отпадот на потегот меѓу Шуто Оризари и Визбегово.

На еколошката акција за чистење со цел почист воздух и поздрава општина се вклучи Градоначалникот на општина Шуто Оризари Курто Дудуш, Претседателот на Општинскиот Совет Фатима Османовска, преставници од Женскиот Актив на општина Шуто Оризари како и сите заинтересирани граѓани од двете општини.

Впрочем, граѓаните од двете општини неколку пати реагираа дека загадувањето на воздухот е рекордно особено во доцните часови и рано наутро. Затоа, локалната самоуправа има иницирано повеќе мерки и иницијативи за обезбедување на чиста животна средина, со цел подигнување на еколошката свест и граѓанската одговорност за колективен општествен придонес преку адекватно депонирање на отпадот.

Акцијата беше една од превентивните мерки во борбата против загадувањето и одржувањето на здрава животна средина. Инаку, според најновите статистички податоци 9 луѓе СЕКОЈ ДЕН умираат поради загадениот воздух во земјава, а 3,200 луѓе умираат СЕКОЈА ГОДИНА поради загадениот воздух.

 

 

Today, the municipality of Shuto Orizari realized the second Ecological Action for cleaning of waste between Shuto Orizari and Vizbegovo.

The Mayor of the Municipality of Shuto Orizari Kurto Dudush, the President of the Municipal Council Fatima Osmanovska, as well as all interested citizens from the both municipalities participated in the ecological cleaning campaign to achieve cleaner air and a healthier evironment.

After all, the citizens of both municipalities reacted several times that the air pollution is high especially in the late hours at night and in the early morning. Therefore, the local self-government of Suto Orizari  has initiated several measures and initiatives for providing a clean environment in order to raise environmental awareness and civil responsibility for collective social contribution through adequate disposal of waste.

The action was one of the preventive measures in the fight against the air pollution and the maintenance of a healthy environment. Otherwise, according to the latest statistics, 9 people EVERYDAY DAY due to polluted air in the country, and 3,200 people have died EVERY YEAR due to polluted air.