Ромски образовни медијатори ќе помагаат за поголеми достигнувања во основното образование

 

 

 

 

 

 

 

Четири ромски образовните медијатори при Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците, од денес официјално почнаа со работа во двете основни училишта  О.У „Браќа Рамиз-Хамид„ и „26 Јули“ на територија на Општина Шуто Оризари.

Образовните медијатори во континуирана соработка со Советничката за Образование Рамиза Сакип ќе работат на вклучување на децата во образовниот процес, намалување на осипот на децата Роми како и интензивирање на кооперативноста меѓу родителите, училиштето и учениците.

Образовните медијатори имаат за цел да ја олеснат комуникацијата меѓу родителите и училиштата, да помогнат при образовната инклузијата на децата Роми во Шуто Оризари и активно да го поддржат образовниот континуитет за успешно завршување на основното образование.

 

Four Roma educational mediators in Shuto Orizari, through the Directorate for Development and Promotion of Education, from today officially start to work with the two primary schools ,,Braka Ramiz-Hamid” and ,,26 Juli” based in the Municipality of Shuto Orizari.

The Educational mediators in continuous cooperation with the Educational Adviser of the Municipality of Shuto Orizari Ramiza Sakip, will work not just on involving Roma children in the educational process, but also to reduce the drop out of Roma children, and to intensify the cooperation among the parents, schools and students.

Educational mediators aim to facilitate a better communication, to increase the educational inclusion of Roma children in Shuto Orizari and to actively support the educational continuity for successful completion of primary education.