Спроведена акција за чистење на депонијата помеѓу Визбегово и Шуто Оризари

Градоначалникот Курто Дудуш и Претседателот на Општинскиот Совет Фатима Османовска заедно со граѓаните на општина Шуто Оризари и општина Бутел спроведоа акција за чистење на депонија на граничната линија помеѓу општина Шуто Оризари и општина Бутел.

Градоначалникот Курто Дудуш апелираше до сите граѓани совесно да се однесуваат кон исчистените локации и да се заложат заедно за здрава и чиста животна средина со учество и почесто организирање на вакви еколошки акции.

Целта на овие акции е подигнување еколошката свест кај граѓаните и зајакнување на одговорноста за чиста околина. Мотивот за организирање на оваа еколошка акција е загадениот воздух кој најмногу ги афектира децата и нивното здравје .

 

The mayor Kurto Dudush and the President of the Municipal Council Fatima Osmanovska, with the citizens from the Municipality of Suto Orizari and the municipality of Butel, conducted an action for cleaning a landfill based in the border line between the municipality of Suto Orizari and the municipality of Butel.

Тhe Mayor Kurto Dudush has sent an appealed to all citizens to act conscientiously towards the cleaned locations and to work together for a healthy and clean environment with the active participation and more frequent organization of such environmental actions.

The goal of these actions is to raise the environmental awareness among citizens and to strengthen the responsibility for a clean environment. The motivation to organise this environmental action is the high polluted air that most affects children and their health.