Извештај за унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранција во училиштата

ИЗВЕШТАЈ

На ден 31.1.2019 година во просториите на основното училиште “Браќа Рамиз-Хамид” – Шуто Оризари беше организирана работилница на тема: Изработка на брошури и флаери за уредувањето на нашата околина,холтикултурно уредување на нашата околина, во дворовите на училиштата и околу дворовите. Координатори на работилницата беа: Верица Стоименовски (наставник по македонски јазик) Елена Алулоска (наставник по англиски јазик) . Работилницата ја реализираа ученици од седмо -деветто одделение од основните училишта “Браќа Рамиз-Хамид” заедно со нивните одделенски раководители:Билјана Иваноска, Дијана Љ.Стефановска, Ирена Трајковска и Екрем Јашар и ученици од “26 Јули” заедно со нивните наставници Џемиле Јусуфи, Нурије Адеми и Хабибе Јакупи.
Учениците работеа во групи и меѓусебно се запознаа.

Работилницата ја започнаа кординаторите кои упатија прашање до учениците за тоа : Дали ја одржуваат околината чиста и колку внимаваат таа да биде уредна? Се разви богата дискусија во која беа дадени најразлични одговори.За истата цел беше изработена Power Point презентација која беше реферирана од страна на ученичката Сефора Гарип со дообјаснувања од страна на наставниците координатори. Во понатамошниот тек на работилницата, во самата презентација беа дадени упатства за работа во кои ученците беа поделени во три групи и наставните ливчиња ги пополнија според барањата. Учениците самостојно направија илустрации и по избор на наставниците истите ги презентираа.Заеднички на крајот од работилницата сите нивни изработки беа соединети во флаер. Со што беше и исполнета целта на оваa средба:
Да се продлабочат вештините кои им се потребни за животот во интегрирано мултиетничко општество во духот на меѓусебно разбирање, мир, почитување на другите, прифаќање на различностите и право на еднаквост на сите.
Со тоа работилницата заврши.

Наставници реализатори:
Верица Стоименовски
Елена Алуловска