Донесена е ОДЛУКА за отварање на Полициско Одделение во Шуто Оризари

Советот на Општина Шуто Оризари донесе Одлука за отворање на полициско одделение и Одлука за отстапување на објект во сопственост на општина Шуто Оризари заради отворање на Полициско одделение на МВР.

Советот на општина Шуто Оризари поради зголемениот број на нарушувања на јавниот ред и мир, зголемената фреквенција  на посетители на пазарот, како и поради сообраќајниот метеж на главната улица во Шуто Оризари утврди потреба за отворање на полициско одделение.

Согласно Член 2 од Одлуката на отворање на полициско одделение, работата на полициското одделение ќе биде во согласност со надлежностите на Министерството за внатрешни работи, а во насока на превентивно делување- спречување на кривични дела, зголемување на заштитата на безбедноста на граѓаните и ефикасно разоткривање на сторителите на кривични дела.

На Министерството за внатрешни работи на Р. Северна Македонија, му се отстапува без надоместок во владение просториите кои се во сопственост на општина Шуто Оризари лоцирани на ул. Нов Живот бб за вршење на работи  од областа на јавната безбедност.

 

The Council of the Municipality of Suto Orizari has adopted a Decision to open a Police Department and a Decision to retreat a construction owned by the municipality of Shuto Orizari to the Ministry of Interior for the purpose of opening a Police Department.

The Council of the Municipality of Suto Orizari, due to the increased number of violations related to the public order and peace, due to increased frequency of visitors to the market, and the traffic jam on the main street in Shuto Orizari, determined the need to open a police department.

According to Article 2 of the Decision on opening a Police Department, the work of the police will be in accordance with the competencies of the Ministry of Interior, in the direction to prevent criminal acts, to increase the protection of the citizens’ safety and efficient disclosure of perpetrators of crimes.

The Ministry of Internal Affairs of the Republic of North Macedonia, is granted without compensation in the possession of the premises owned by the municipality of Suto Orizari located at street ,,Nov Zivot” bb for performing works in the field of public security.