Делегација од канцеларијата на Ромскиот Образовен Фонд – Будимпешта, ја посети општина Шуто Оризари.
За време на разговорите беше презентирана работата на Ромскиот Образовен Фонд (РЕФ) во доменот на интеграција и транзиција на високо образованите Роми на пазарот на трудот.
Воедно, беа разгледани можностите за изнаоѓање на заеднички точки на соработка, во интерес на младите Роми и Ромската заедница во доменот на основно, средно и високо образование на младите студенти и дипломирани за пазарот на трудот.
Средбата беше искористена за размена на идеи и мислења во врска со тековните активности на РЕФ како и можности за нивно проширување и подобрување.