Светска банка заинтересирана да го поддржи локалниот економски развој во Шуто Оризари

 

Светска банка е заинтересирана да го поддржи  локалниот економски развој и развојот на социјалното претприемништво во општина Шуто Оризари.

Денеска на нивната средба со Градоначалникот Курто Дудуш потенцирале дека парите се инструмент преку кои треба да дојде до израз продуктивноста на граѓаните за започнување на бизнис.

Исто така, била дискутирана кредитоспособноста на жените преку модел на здружување кој подразбира вмрежување со бизнис инкубатори, континуирана комуникација со млади промотори за стекнување на соодветни бизнис вештини, фасцилитирање, финансиско описменување и штедење.

Правилната дијагностиката на пазарот пред започнување на секој бизнис е есенцијална.

За стекнување на влијателно економско претпријатие, неопходно е правилно формирање на цената на производот или услугата, изнаоѓање на механизми за одржливост на пазарот на трудот, проширување на бизнисот преку посебни вештини и алатки, маркетинг и познавање на основните бизнис концепти.

,,Можности, менторство и економска реинтеграција им е потребна на Ромите, особено жените ромки за отпочнување на бизнис”– истакна Срџан Амет од Секторот за локален економски развој.

Развивање на локален туризам или ,,community based tourism” е исто така една од можностите за економски раст и унапредување на животниот стандард.

Општина Шуто Оризари, за прв пат оформи одделение за Локален економски развој кој е важен предуслов за поддршка на нови инвестиции и воспоставување на економски односи.