Градоначалникот Курто Дудуш на средба со германски инвеститор на текстилна индустрија

Денеска Градоначалникот Курто Дудуш оствари средба со германски инвеститор на текстилна индустрија. Фирмата ,,Моменте текстил”, во моментов располага со над 70% вработени Роми од Шуто Оризари.

Истата фирма, периодов нуди обуки во времетраење од 3-6 месеци, а потоа и можност за вработување. Почетната плата на ново вработените ќе изнесува околу 15,000 (петнаесет илјади) денари.

На средбата, беа дискутирани можностите за дополнително вработување на Роми од Шуто Оризари, поради самата локација на фирмата во Кучевичка Бара.

Фирмата ,,Моменте текстил” има капацитет за ангажирање на уште вкупно 60 лица.