Б.К. ,,Ternipe” и Јасин Љама одликувани со плакети за придонес во спортот од општина Шуто Оризари

Градоначалникот Курто Дудуш, денеска им врачи плакети на најзаслужните граѓани од областа на спортот. Боксерскиот клуб ,,Ternipe”, и боксерот Јасин Љама беа номинирани од членовите на Советот на општина Шуто Оризари за посебен придонес и успех во спортот во општина Шуто Оризари.

Гледано по сектори, спортот е најголем амбасадор и промотор за поширока афирмација на општествениот фундамент. Развојот на спортот преставува инвестиција во развојот, функцијата и грижата на младите.

На истиот настан, OSCE додели благодарници на советниците на општина Шуто Оризари, за активно учество во процесот на зајакнување на нивните капацитетите преку обуки, со цел поддршка во процесот на донесување на ефективни локални програми, одлуки и акциони планови.

Градоначалникот Курто Дудуш, на спортистите им се заблагодари за сето она што го имаат направено за професионалниот спорт и изрази надеж за понатамошно формирање на платформа на помлада категорија на спортисти.