Градоначалникот Курто Дудуш го пречека амбасадорот на мисијата на ОБСЕ Клеменс Која во Македонија

Денеска градоначалникот на општина Шуто Оризари Курто Дудуш оствари средба со амбасадорот на мисијата на ОБСЕ Клеменс Која во Македонија.

Амбасадорот на мисијата на ОБСЕ се запозна со тековната работа на најголемата ромска општина, со тековните и идните проекти и можностите за понатамошна соработка.

Локалната самоуправа е отворена за соработка со сите интернационални организации, институции и фондови во процесот на спроведување на политики поврзани со подржување и поактивно вклучување на ромската заедница.

Досега, согласно мисијата на ОБСЕ се подржани голем број на проекти кои го поттикнуваат социјалното вклучување на Ромите, иницијативи на локалните невладини организации и вклучувањето на ромските деца во јавните предучилишни установи.