Рамиза Сакип: Преку колективен успех ќе обезбедиме психолошка благосостојба и чувство на сигурност кај децата во Шуто Оризари

Денеска советничката за образование Рамиза Сакип, го посети О.У. ,,26 Јули”, каде што оствари средба со наставниот кадар од О.У. ,,26 Јули”, на која присуствуваа стручната служба и директорот Дритан Ганиу. Потребата за имплементација на средбата произлезе од случувањата поврзани со обидите за киднапирање на деца во Шуто Оризари, нивниот одраз врз посетеноста на наставата , потребата да се споделуваат корисни информации и иницираат заеднички чекори меѓу локалната самоуправа, министерството за внатрешни работи и училиштата. Советничката за образование Рамиза Сакип, нагласи дека потребно е иницирање и постигнување на колективен успех, обезбедување на психолошка благосостојба и чувство на сигурност кај децата.

За време на дискусијата, од страна на наставниците беше посочено дека, нема потреба од ,, херметичко” затворање на децата или психичко застрашување, бидејќи тоа, вродува со ништо друго освен со револтирани деца, создавање на акумулирана негативна енергија со потреба од простор за елиминирање на истата.

Во контекст на предлог мерки за подобрување на актуелната ситуација, беше барано обезбедувањето на училиштето да носи униформа, со цел повисока препознатливост од страна на  родителите и учениците, часови за воспоставување за меѓукултурен дијалог, развивање на почит кон вредностите на традицијата и личниот идентитет, користење на капацитетите на образовните медијатори, подигнување на свеста на родителите за елиминирање на феноменот ,,деца оставени, сами на себе”, неактивни или непродуктивни деца наспроти фактот за постоење на интелектуален капацитет во персоналната структура за развој и просперитет.