Курто Дудуш: Ново полициско одделение ќе се отвори во општина Шуто Оризари

По повод на случувањата во Шуто Оризари се одржа седница на Советот за превенција од кризи, на која што присуствуваа претставници на институции, верски заедници, совет на родители, невладини организации, претставници од СВР-Скопје – началник Ристе Јовановски од одделение за превенција, полициска станица Чаир ( началници, командири), советници, директори, авторитети од заедницата и останати засегнати страни.

Во своето обраќање Градоначалникот Курто Дудуш, истакна неколку мерки на чија што реализација работи локалната самоуправа со цел обезбедување на безбедност во рамки на општината. Во оваа насока, општината ги уредува на имотно- правните односи за отворање на полициско одделение. Откако, објектот ќе се легализира, истиот ќе се предаде на Министерството за внатрешни работи, со цел негово отворање и функционирање.

Во однос на гласините за можната полициска инволвираност во целиот процес, возилото со кои се возеле полициските службеници, сега се наоѓа на вештачење. По целосно завршување на истрагата врз возилото Министерството за внатрешни работи јавно ќе се произнесе во однос на ова прашање.

Локалната самоуправата во периодот што следи ќе работи синхронизирано со ромските невладини организации за креирање на заеднички концепт на активности со цел враќање на довербата во институциите преку градење на контакти и блиска комуникација.