Рамиза Сакип: Младите се гласот на нашиот народ

Советникот за образование на општина Шуто Оризари Рамиза Сакип, учествуваше на јавната дискусија: ,,Образованието како најбитен фактор за општествените промени” по повод прослава на патрониот празник на СУГС ,,Шаип Јусиф”.

Рамиза Сакип, како советник за образование во општина Шуто Оризари, доаѓа со долгогодишно искуство од невладиниот сектор на национално и меѓународно ниво. Рамиза своето образование го стекнала на  Педагошкиот факултет ,,Св. Климент Охридски”- Скопје (одделенска настава), а својата експертиза ја надоградува како активист, координатор и менаџер во НВО-секторот, Европската комисија и Советот на Европа.

Таа во своето обраќање по повод на прославата на патрониот празник на СУГС ,,Шаип Јусиф”,  зборуваше за младите генерации, начинот на образование во 21 век, експанзијата која се случува во општеството, новите трендови, новите стилови за учење вклучувајќи го интернет и останатите достапни алатки. Рамиза ги нагласи негативните општествени појави кои ги засегаат младите вклучувајќи : цигари, алкохол, дрога  и недолично однесување. Рамиза истакна дека младите се најважен фактор во процесот на промени и менување на општеството, таа не го запостави ниту трендот на напуштање на државата и процесот на глобализација. Во текот на дискусијата, го постави, можеби и најважното прашање за сите нас:

,,Што ќе се случи доколку сите млади ја напуштат државата” ?

Според советникот за образование на општина Шуто Оризари Рамиза Сакип, младите генерации во никој случај не треба да го запостават својот етничкиот идентитет и сопственото потекло. Образованието е најважна компонента во развојот на една млада индивидуа. Рамиза во своето излагање го произнесе своето искуство во однос на повеќе актуелни појави како дискриминацијата која ги засега младите. Образовната и воспитната компонента, заедно придонесуваат во креирање на структурата на личноста, освен тоа образованието е важен процес за стекнување на вештини, квалитетни знаења, животно искуство и за креирање на критички однос кон општествените процеси.