Прес конференција на Градоначалникот Курто Дудуш за случувањата во Шуто Оризари

На 29.01.2019, во просториите на општина Шуто Оризари, Градоначалникот Курто Дудуш одржа прес конференција за вчерашните случувања и обидот да се поткренат меѓуетнички конфликти.

Курто Дудуш ги повика граѓаните да се воздржат од обидот за меѓуетнички ескалации во врска со вчерашните настани во интерес на успешно спроведување на истражниот процес. Тој побара граѓаните да се обединат во името на етничката толеранцијата за борба против хроничните тензии кои се наметнуваат од страна.

Градоначалникот Курто Дудуш денеска повика на смиреност и воздржаност од конфликти и континуирано дава напори за разрешување на сите случувања. Општина Шуто Оризари работи и се залага за безбедна средина во која на граѓаните нема да им биде страв да живеат.

Во овој случај сите институции се должни да го завршат својот дел од работата, но во никој случај не смеат да се разгоруваат меѓуетничките односи, или да се даде таков контекст на овие случувања.
Општина Шуто Оризари дава напори за решавање на сите локални дејствија, стои и застапува за интересите и безбедноста на сите граѓани.

Оваа општина ги негува културните и европските вредностите, како и вредностите на демократичност и толеранција. Оттука, сите дејствија или настани можат да видат надминати преку мирен дијалог и соработка, во името на заедништво и проактивно дејствување.

Проследете ја прес конференцијата во прилог: