Регулиран е застојот со автобуската линија со број 19, превозот се одвива до последната автобуска станица

После најавите од страна на граѓаните дека постои застој во одвивањето на автобуската линија со број 19, градоначалникот Курто Дудуш лично интервенирал за решавање на овој проблем.

Зимските служби биле ангажирани за фрлање на сол и чистење на улиците и патиштата. Одделението за урбанизам и заштита на животна средина веднаш воспостави комуникација со сите клучни фактори за решавање на овој проблем.

Од граѓаните се побара да не го попречуваат сообраќајот. Автобуската линија со број 19,  се одвива непречено и без застој, односно до последната предвидена автобуска станица во Шуто Оризари.