Нови развојни регионални планови за општина Шуто Оризари

Денеска Градоначалникот Курто Дудуш оствари средба со раководителот на Центарот за развој на Скопски плански регион, г-дин Љупчо Мицковски.

На средбата беа дискутирани развојните планови  за општина Шуто Оризари како и за можностите за имплементација на развојни регионални планови во соработка со Центарот за развој на Скопски плански регион.

Општина Шуто Оризари се надева, очекува и работи тековната 2019 година да биде година на заеднички успешно реализирани проекти во корист на граѓаните.