Градоначалникот Курто Дудуш упати писмо до амбасадорот на Израел Дан Ориан по повод Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот

Градоначалникот на општина Шуто Оризари Курто Дудуш упати писмо до амбасадорот на Израел Дан Обран во Загреб, по повод – Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот.

Тој во своето обраќање ја искажа својата почит кон Амбасадорот, како и кон целата нација на Израел за големата загуба во текот на Втората светска војна.

,,За преживеаните од Холокаусот, семејствата на преживеаните и за семејствата на они кои што загинале, она што општеството во најмала рака може да го направи е : Да не заборави ! ”, –  напомена градоначалникот Курто Дудуш . Toj исто така истакна дека штетата која е веќе направена не може да се избрише, но затоа со препознавање на болката и осудување на дејствијата, општеството може да увери дека такви акции нема да повторат.