Курто Дудуш: Да не заборавиме! Никогаш да не се повтори! – Обраќање по повод Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот


Почитувани,

На 27 Јануари, Општина Шуто Оризари го одбележува Меѓународниот ден сеќавање на Холокаустот, ден на кој се одбележува и одава почит на убиени 6 милиони Евреи, 5 милиони Словени, 3 милиони етнички Полјаци, 200.000 Роми (неофицијални бројќи и повеќе од 500,000), 250.000 ментално и физички инвалиди и 9.000 хомосексуалци од нацистичкиот режим и неговите соработници за време на Втората Светска Војна.

Во историјата има многу податоци за Холкаустот. Сепак, меѓу сите тие, многу мал дел се насочени токму кон начинот на кој Ромската популација е систематски убивана за време на Втората Светска Војна. Каде што Ромите жртви заслужуваат да се споменат, тоа е обично, не повеќе од забелешка: Ромите се гледаат како една од “дополнителните групи”, кои претрпеа во тоа време… Ромите не беа „допилнителна група“, тие беа една од клучните целни групи за целосна елиминација од нацистите. До крајот на војната, големината на ромската популација се смета дека беше дури 80% од она што беше на почетокот. Геноцидот на Ромите се спроведе во сите земји во Европа за време на Втората Светка Војна.

Денес, и покрај честите повици за “сеќавање” на холокаустот, несреќите на Ромите ги имаат сите предиспозиции, но беа заборавени. Во реалноста, тие никогаш не биле во целост признаени. Една индикација за неуспехот е состојбата на речиси целосно игнорирање.

Човековиот одговор на болката и страдањето на другите е да се признае страдањето и да се обиде да се поправи продолжувањето на штетата. За преживеаните од холокаустот, за семејствата на преживеаните и семејствата на оние кои загинале, она што општеството во најмала рака може да го направи, е да не заборави.

Општина Шуто Оризари, се секаќава и не го заборава геноцидот на 6 милиони Евреи, 5 милиони Словени, 3 милиони етнички Полјаци, 200.000 Роми (неофицијални бројќи и повеќе од 500,000), 250.000 ментално и физички инвалиди и 9.000 хомосексуалци за Време на Втората Светска Војна

Да не заборавиме! Никогаш да не се повтори!

Со почит,
Курто Дудуш
Градоначалник
Општина Шуто Оризари