Донација на прочистувач за воздух од Т. А. Парадизо Флај

Денеска сопственикот на Т. А. Paradiso Fly Светлана Брајкоска донираше прочистувач за воздух во пресрет на новогодишните празници: ,,Биди фраер и донирај прочистувач”.

Оваа донација ќе помогне во зачувување на здравјето на децата од аерозагадувањето и токсичните честички чија што концентрација континуирано се зголемува.

Досега, прочистувачи за воздух се донирани од страна на општина Шуто Оризари, директорот на КПУ-Затвор и директорот на Управата за наменско производство при Министерство за економија.

Општина Шуто Оризари е општествено одговорна локална самоуправа која своите заложби за чиста и здрава средина ги реализира преку организирање на акции и креирање на програми за еколошка животната средина.

Претседателот на општинскиот совет Фатима Османовска и Градоначалникот Курто Дудуш ја искажаа својата благодарност за учеството и придонесот на оваа акција.