Во Шуто Оризари интензивно се чистат улиците од снег

Зимската служба во општина Шуто Оризари интензивно работи на расчистување улиците од снег, со цел овозможување на проодност и обезбедување на подобрен пристап.

Службите освен што работат на расчистување на снегот од тротоарите, исто така посипуваат сол за непречено одвивање на сообраќајот. Општина Шуто Оризари им препорачува на сите учесници на сообраќајот да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите.

Оваа година граѓаните и правните субјекти имаат законска обврска да вршат редовно расчистување на снегот и мразот пред пристапите на нивните делови.