mk_MK mk_MK

Донација на прочистувач за воздух од директорот на Управата за наменско производство Дениз Исмаили

 

Денеска, директорот на Управата за наменско производство при Министерството за економија на Р. Северна Македонија, Дениз Исмаили донирал прочистувач за воздух по повод на акцијата : Новогодишен економски форум ,, Биди фраер и донирај прочистувач”.

Општина Шуто Оризари во пресрет на новогодишните празници започна акција под името: Новогодишен економски форум ,, Биди фраер и донирај прочистувач” со цел обезбедување на прочистувачи за воздух во основните училишта на територија на Општина Шуто Оризари.

Локалната самоуправа дава напори за зачувување и унапредување на здравјето на децата преку имплементирање на конкретни активности. Досега се обезбедени вкупно 13 прочистувачи за воздух.

Општина Шуто Оризари ги поканува сите заинтересирани да земат учество на Новогодишниот економски форум: ,,Биди фраер и донирај прочистувач” со донирање на прочистувач за воздух.

Градоначаникот Курто Дудуш ја искажа својата благодарност за укажаниот придонес во акцијата од страна на директорот на Управата за наменско производство Дениз Исмаили.