Локација:
На околу 6 км од центарот на Скопје, во општина Шуто Оризари, поради недостаток на катчиња за игра, се предвидува опремување на две детски игралишта на две различни локации. Првото детско игралиште е во непосредна близина на Управата на Општина Шуто Оризари, додека другото игралиште е во непосредна близина на Казнено-поправната установа (затворот).
Детско игралиште – тип 1
Локацијата е со приближна површина од 400м2, со местоположба на аголот на ул. Шуто Оризари – Скопје. Локацијата е на неизградено земјиште. Локацијата е на агол на две локални улици спроти КПУ Затвор Скопје.
Игралиштето ќе биде оградено со жичена мрежа-универзално челично пластифицирано плетиво поставена на челични столбчиња масно обоени во два слоја. Игралиштето е предвидено да биде обезбедено, со врати кои се заклучуваат.
Терените за игра се предвидени да бидат изработени од песочна подлога, со различна гранулација (ситен и крупен песок). Мека гумена подлога е предвидена на еден дел од површината за игра..
Што се однесува на опремата за игра предвидени се : лулашки, клацкалки, лизгалки, карпа за качување.
Покрај опрема и реквизитите за игра, предвидено е поставување на урбана опрема-клупи, корпи за отпадоци и чешмичка за пиење вода.
Проследете ги сликите во прилог :