mk_MK mk_MK

Градоначалникот Курто Дудуш присуствуваше на работен состанок во организација на МТСП

Градоначалникот Курто Дудуш присуствуваше на работна средба во организација на Министерството за труд и социјална политика и  Министерката за труд и социјална политика г-ѓа Мила Царовска.

Советот на Европа во соработка со Министерството за труд и социјална политика и општините кои се дел од РОМАКТЕД од 2018 година имплементираат заеднички проект, за кој се потпиша и меморандум за соработка. На средбата зема учество и г-ин Нафи Сарачини како претставник на Советот на Европа.

Еден од приоритетите во стратегијата за Роми во Република Македонија е домувањето на Ромската заедница.

Министерството за труд и социјална политика го застапува мислењето дека за да се реши овој проблем  потребно е ромските населби да влезат во Детален урбанистички план  (ДУП) и легализација на ромските населби во општините со цел да се интервенира во подобрување на нивната инфраструктура.

Работната средба беше организирана од страна на Министерката за труд и социјална политика г-ѓа Мила Царовска и на истата присуствувале градоначалници на неколку општини меѓу кој и Градоначалникот Курто Дудуш.