Се одржа прослава по повод на ромскиот василичарски празник во СЦ Борис Трајковски

Минатата сабота на 12 јануари 2019 година, со почеток од 20:00 часот, во СЦ Борис Трајковски се одржа прослава по повод на ромскиот василичарски празник.

Настанот во форма на Ромски бал беше организиран од страна на општина Шуто Оризари, каде што присуствуваа над  2000 гости. На овој значаен традиционален и културен настан присуствувале директори и претставници на јавни институции.

Во делот на забавно-музичкиот дел како специјален гостин гостуваше познатата музичка ѕвезда Адил Максутович од Србија, како и  пеачи од ромската музичка сцена : Бернант Демирали, Таркан Сулејмани, Рамадан Б. Рамко, Џефрина Идриз, Ервин Аметовски, Мануел Амети, Facebook-оркестар, Gipsy Бенд-оркестар, Fantasy Band и Јужни ритам.

Ромскиот василичарски празник се празнува во името на ромскиот културно-етнички идентитет и претставува дел од вековната ромска традиција. Празникот Василица се слави во период од 12-17 јануари секоја година.