Денеска Градоначалникот Курто Дудуш ја посети џамијата ,,Билали Хабиши”. Новата џамија ќе овозможи спроведување на сите погребални обичаи, вклучувајќи го и исламскиот обред на бањање на покојниот.
Долниот дел од џамија во најголем дел е завршен, преостанува уште да се средат канцелариите и да се уреди просторот каде што децата и младите можат да го продлабочат своето религиозно учење за Куранот.
Со цел да се избегнат шпекулациите од јавноста градоначалниот Курто Дудуш лично донирал за издигнување на овој објект со цел обавување на верските обреди.
,,Новата џамија ќе биде отворена и достапна за сите граѓани на општина Шуто Оризари, тогаш кога ќе бидат обезбедени сите услови, сите жители ќе имаат можност за спроведување на погребалните обреди” – апелираше градоначалникот Курто Дудуш, кој самоиницијативно и лично се залага за издигнување овој значаен верски објект.
За подетални информации проследете го видеото во прилог: