mk_MK mk_MK

Општина Шуто Оризари фрли повеќе од 5 тони сол по првиот снег

Општина Шуто Оризари започна со чистење на споредните улици од снегот. Општината ангажирала неколку локални служби  за одржување на улиците и обезбедување на уличната проодност за заштита на населението. Повеќе од 5 тони сол биле фрлени од страна на комуналните редари и ангажираните комунални работници.

Општинските власти биле повикани за спроведување на нивната обврска за чистење на снежните наноси.

Општина Шуто Оризари спремна го пречека овогодинешниот снежниот бран и дава силни напори за непречено одвивање на сообраќајот.