Обезбедена нова зимска опрема за комуналните работници во општина Шуто Оризари

Денеска Градоначалникот на Општина Шуто Оризари Курто Дудуш ги подели новите зимски униформи на комуналните работници во просториите на општината.

Екипите како дел од општинската служба ќе бидат задолжени за одржување на споредните улици, заради нормално одвивање на сообраќајот, проодност на улиците и заштита на населението.

Екипите како дел од општинската служба ќе бидат задолжени за одржување на споредните улици, заради нормално одвивање на сообраќајот, проодност на улиците и заштита на населението.

Општина Шуто Оризари ангажира комунални редари за чистење на снегот од споредните улици, додека за чистењето на главните улиците се  под надлежност на градот Скопје.

Ангажираната екипата го искажа своето задоволство кон општината и Градоначалникот Курто Дудуш за соработката и посветеното работење.