mk_MK mk_MK

КПУ Затвор Скопје со прва донација на прочистувачи за воздух за основните училишта во Шуто Оризари

 

Во пресрет на новогодишните празници, Општина Шуто Оризари започна со акција ,, Биди фраер и донирај прочистувач” чија што крајна цел е обезбедување на прочистувачи на воздух во секоја училница во двете основни училишта на територија на општината ,,Браќа Рамиз и Хамид” и ,,26 Јули”.

Денеска Директорот на КПУ Затвор Скопје Ѓоко Котевски донираше прочистувач и со тоа е првиот кој се одзвал на поканата за учество на Новогодишниот економски форум ,, Биди фраер и донирај прочистувач.

На средбата на која биле донирани прочистувачите присуствуваше и Директорот на О.У. ,, Браќа Рамиз и Хамид ”  Алвин Салимовски. Тој заедно со Градоначалниккот Курто Дудуш ја искажале својата благодарност за дадениот влог за зачувување на здравјето на децата.

Поканата за учество на Новогодишниот економски форум ,, Биди фраер и донираj прочистувач” трае со крајот на јануари. Сите заинтересирани граѓани, невладини организации, претставници од бизнис заедницата, медиуми и останати релевантни фактори можат да донираат прочистувач за воздух во просториите на Општина Шуто Оризари.