Адил Максутович ќе биде специјален гостин на Ромскиот Бал

Познатиот пеач Адил Максутович ќе настапува на годинешниот Ромски Бал како специјален гостин во организација на Општина Шуто Оризари.

Според програмата на годишниот Ромски Бал, во делот на забавно-музичкиот дел освен Адил Максутович, ќе бидат ангажирани: Facebook-оркестар, Gipsy Бенд-оркестар, Fantasy Band, Јужни ритам, Бернат Демирали, Таркан Сулејмани, Рамадан Б. Рамко, Џефрина Идриз, Ервин Аметовски, Мануел Амети и Ерџан Амети.

Преостануваат два дена до Ромскиот Бал на 12 јануари со почеток од 19 : оо часот, во ВИП Арена на СЦ ,, Борис Трајковски”.

Резервации за традиционалниот настан Ромски Бал можете да направите на следниве телефонски броеви:
За жители на Р. Македонија : 077/891-891
За жители на Белгија : 0489280276
За жители на Германија : 017643665951

Влезниците веќе се пуштени во продажба.