Горно Оризари : Коледарски оган во пресрет на Бадник

Вечерва Градоначалникот Курто Дудуш присустуваше на палењето на коледарскиот оган во Горно Оризари со што се отпочнува празнувањето на Бадник и на големиот празник Рождество Христово – Божик.

Градоначалникот на Општина Шуто Оризари, заедно со неколку преставници од локалната самоуправа  наздрави со сограѓаните од Горно Оризари и им ги честиташе  празниците посакувајки им среќна, бериќетна, мирна и сплотена година.

Со Бадник или Коледе се одбележува денот пред роденденот на Исус Христос (Божик), според христијанската традиција. Бадник ги обединува луѓето во духот на радоста и мирот.

Градоначалникот Курто Дудуш со порака за верба, надеж, радост и успех им ја честиташе Новата Година и Божиќните празници на сите сограѓани и верници.