mk_MK mk_MK

Јавен Оглас за работно ангажирање на невработени лица за комунални работи по годишна програма за комунални дејности

,,Градоначалник на Општина Шуто Оризари,,
,,Dizjakoro Serutno Komuna Suto Orizari,,
,,Република Македонија – Republika Makedonija,,

Br. / No 04-23/2
03.01.2019 god./bers
Скопје– SKOPJE

             Врз основа на член 84 став 1 од Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност (“Службен весник на Република Македонија” број 37/97, 25/2000, 101/2000, 50/2001, 25/2003, 37/2004, 50/2006, 29/2007, 102/2008, 161/2008, 50/10, 88/10, 51/11, 11/12, 80/12, 114/12, 39/14, 44/14, 113/14, 56/15, 129/15, 147/15, 154/15,27/16 и 119/16) и Годишната програма за комунални дејности за 2019 година број. 08-1392/17 од 26.12.2018 година, во општина Шуто Оризари за 2019 година, Градоначалникот на општина Шуто Оризари распишува:

Ј А В Е Н     О Г Л А С
За работно ангажирање на невработени лица за комунални работи по годишна програма за комунални дејности

• Општина Општина Шуто Оризари има потреба од работно ангажирање на 50 (педесет) работници во текот на 2019 година, за извршување на јавни работи и тоа:
Одржување на јавната инфраструктура (одржување – чистење на крај патна вегетација на општинските патишта и улици, санација од помали размери на општинските патишта и улици, одржување на насипи, канали, водоводни и канализациони мрежи и други објекти од општ интерес, подобрување на условите за живеење и други работи) и
Одржување и заштита на животната средина и природата (чистење и санација на дивите депонии, чистење и одржување на речните корита, канали, одводи, јавни површини, паркови и хортикултурно уредени локации во селата, фудбалски игралишта, монтажа и одржување на опремата во парковите и јавните детски игралишта, развој на селските подрачја и други работи).

• Право да се пријават имаат долгорочно евидентирани невработени лица, ниско квалификувани невработени лица, повозрасни невработени лица ( над 55 години) и други лица од евиденција на невработени.

        Невработените лица ќе бидат ангажирани согласно член 83, 84 и 85 од Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност.

        За време на ангажирањето на лицата ќе им се обезбеди финансиска поддршка, односно месечен нето паричен надоместок во износ од 7.000,00 до 12.000,00 денари по ангажирано лице, месечно, платен персонален данок на доход. Висината на паричниот надоместок зависи од видот и тежината на работата која ќе се извршува.

         На корисниците на социјална помош за времетраење на работното ангажирање ќе им биде активно правото на користење социјална помош.

Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу општината и невработените лица.

• Заинтересираните кандидати потребно е да достават:
• пријава и
• потврда од Агенцијата за вработување дека се невработени
• Огласот трае три работни дена од 08.01.2019 година до 10.01.2019 година и ќе биде објавувен на веб страницата на општина Шуто Оризари www.sutoorizari.gov.mk и огласната табла на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Центар за вработување Скопје.
• Пријавите се поднесуваат во архивата на општина Шуто Оризари, секој работен ден од 08:00 – 16:00 часот.

Изработил и контролирал:
Раководител на Сектор за правни, административни работи
Јавни дејности и финансии
Данчо Арсов

Одобрил:
Секретар на општина Шуто Оризари
Георгија Клинчаревски

                                                                                                                                                  ГРАДОНАЧАЛНИК
                                                                                                                                   НА ОПШТИНА ШУТО ОРИЗАРИ:
с.р.Дудуш Курто

 

 

 

 

 

——————————————————————————————————————————————
Коментар: Во насока на намалување на невработеноста, а во рамките на своите ингеренции, како и за подобрување на комунална хигиена и животната средина Градоначалникот на Општината во текот на 2019-та година планира повремено да ангажира невработени лица од територија на општина Шуто Оризари.