Дедо Мраз стигна од снежната Лапонија во Шуто Оризари

Денеска во центарот на Шуто Оризари, Дедо Мраз во организација на локалната самоуправа  подели бесплатни подароци.

Оваа акција беше организирана од општината во пресрет на новогодишните празници. Сите деца заслужуваат внимание и посвететеност, во духот на празниците кои обединуваат и сплотуваат.

Градоначалникот Курто Дудуш денеска подели 1 200 новогодишни пакетчиња во О.У. ,, Браќа Рамиз и Хамид”, за што доби благодарност од  Директорот на училиштето Алвин  Салимовски во име на сите вработени.