Доделени 1 200 Новогодишни пакетчиња во О.У. ,, Браќа Рамиз и Хамид”

Денеска Градоначалникот на Општина Шуто Оризари Курто Дудуш додели 1200 новогодишни пакетчиња на учениците од О.У. ,, Браќа Рамиз и Хамид”.

На учениците им посака среќни и весели празници, успех на училиште, многу здравје, среќа и искрена љубов.

На новогодишната посета присуствуваше и Директорот  на О.У. ,, Браќа Рамиз и Хамид” Алвин Салимовски, кој заедно со стручната служба во име на училиштето ја искажа својата благодарност за посветеноста на локалната самоуправа кон учениците.