Работна посета: Градоначалникот Курто Дудуш и заменик Министерот за образование Петар Атанасов

Градоначалникот Курто Дудуш оствари средба со заменик Министерот за образование Петар Атанасов. Средбата се одржа во О.У. ,,26 Јули” каде присуствуваше Директор на О.У. ,,26 Јули” Дритан Ганиу и Директорот од О.У. ,,Браќа Рамиз и Хамид”. На средбата беа дискутирани напорите кои ги прави локална самоуправа во насока на унапредување на степенот на образование и обезбедување на пристап и услови за квалитетно образование. Исто така, беа дискутирани програмите на локалната самоуправа за развој на воспитно-образовниот процес.Во О.У. ,,26 Јули ” се одвиваат три целодневни настави, училиштето располага со проектори, реновирани училишни клупи и столици и услови за одвивање на наставата.

На средбата Градоначалникот и заменик Министерот го дискутираа новото училиште што треба да се изгради во Визбегово со цел да се растерети училиштето О.У. ,,26 Јули”.

Заменик Министерот Петар Атанасов беше задоволен од прогресот што го прави Општина Шуто Оризари во поглед на образовни можности, услови за развој, програми и конкретни акциони планови. Министерот П. Атанасов ги поздрави напорите на локалната самоуправа за конкретните проекти во сферата на образованието.