mk_MK mk_MK

Новогодишен караван: Градоначалникот Курто Дудуш со Дедо Мраз во посета на детската градинка ,,8-ми Април”

Во пресрет на новогодишните празници Градоначалникот Курто Дудуш заедно со Дедо Мраз денеска ги посетија децата од детската градинка ,,8-ми Април” во Шуто Оризари. Околу 100 новогодишни пакетчиња биле доделени во име на престојните новогодишни празници. Целта на оваа акција е посреќно и безгрижно детство.

Секое дете без оглед на социо-економскиот статус заслужува момент на среќа и задоволство, па така локалната самоуправа обезбеди и спроведе акција за делење на новогодишни пакети за сите деца од оваа воспитно-образовна институција.

Ваквата акција прераснува во традиција бидејќи целта на локалната самоуправа е среќно детство и услови за развој.

Дедо Мраз заедно со Градоначалникот биле пречекани од страна на дечињата со новогодишни песнички.

По завршување на новогодишната акција Градоначалникот одржа средба во Директорката Сонѓул Шабан Ахмед каде беа дискутирани можности за спроведување на проекти во насока на унапредување на предшколското образование.

Потребно е ангажирање на локални медијатори и долгорочност во имплементацијата на проектите со цел постигнување на ефективни резултати. Исто така, на средбата учествуваше педагогот на детската градинка ,,8-ми Април” со давање на стручни насоки во однос на активности за правилен развој.