mk_MK mk_MK

Покана за Новогодишен економски форум: ,, Биди фраер и донирај прочистувач”

 

Почитувани,

Во пресрет на новогодишните празници, Општина Шуто Оризари започна со акцијата ,, Биди фраер и донирај прочистувач” чија што крајна цел е обезбедување на прочистувачи на воздух во секоја училница во двете основни училишта на територија на општината ,,Браќа Рамиз и Хамид” и ,,26 Јули”.

Како иницијатор на акцијата, општината веќе обезбеди прочистувачи за детската градинска ,,8 ми Април”.

Ве покануваме како наши соработници и пријатели да бидете и Вие дел од акцијата со донирање на прочистувач. Заедно да придонесеме кон унапредување на здравјето на нашите најмили со ублажување на штетите од загадувањето.

Новогодишниот економски форум ќе се одржи во просториите на општина Шуто Оризари на 26ти декември, среда, во 15:00 часот.

Искрено се надеваме на Вашето учество на форумот и придонес кон успешна реализација на акцијата.

 

Со почит,

Курто Дудуш
Градоначалник на општина Шуто Оризари