Курто Дудуш (градоначалник 2017-сега)

Курто Дудуш е роден на 07.12.1974 во Скопје.Курто Дудуш е Ром по етничка припадност. Има завршено Бизнис менаџмент, МИТ. Во Собранието на Р. Македонија членувал во следниве активности: Комитет за односи меѓу заедниците, Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, Комисија за локална самоуправа, Комисија за уставни прашања (заменик член), Комисија за труд и социјална политика (заменик член), Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на балтичките земји Република Естонија, Република Латвија и Република Литванија, Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Исламската Република Иран, Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на земјите од Латинска Америка и од Карибите, Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на Република Малта и Република Кипар.

Елвис Бајрам (градоначалник 2009-2017)


Елвис Бајрам е роден во Скопје, 1977 година. Бајрам е етнички Ром и поранешен градоначалник на општина Шуто Оризари. Член е на партијата Сојуз на Роми на Македонија.

 

 

 

 

Амди Бајрам 

 

Член на СРМ. Роден на 30.8.1956 година во Скопје. Ром. Завршил средно образование

 

 

 

 

 

 

Eрдуан Исени 

Ердуан Исени е роден во Скопје. Дипломирал на УКИМ Стоматолошки факултет по студиската програма за доктори по стоматологија.

 

 

 

 

Неждет Мустафа (градоначалник 1996-2002)


Неждет Мустафа е роден на 17 мај 1962 во Скопје.
Дипломирал филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје.
Градоначалник е на општина Шуто Оризари во два мандати (1996-2000 и 2000-2002). Во Собранието на Македонија учествува во два пратенички мандати (2002-2006 и 2006-2008). Во далечната 1991 година е основач на првата ромска партија ПЦЕР, која подоцна станува Обединета партија за еманципација. Мустафа од 2008 до 2017 година е министер без ресор во Владата на Македонија. Од 2004 е генерален секретар на Ромскиот европски форум при советот на Европа во Стразбур.