Општината Шуто Оризари за прв пат воведува план и програма за контрола на бездомни кучиња

Врз основа на член 28, став 3 од Законот за заштита и благосостојба на животните („Службен весник на РМ“бр.149/14,149/15 и 53/16), член 36, став1, точка 15 од Статутот на Општина Шуто Оризари („Сл. Гласник на Општина Шуто Оризари“ бр.1/97), Советот на Општина Шуто Оризари на својата 15 (петнаесета)
седница
одржана на ден 03.12.2018 година, донесе

ПЛАН И ПРОГРАМА

за контрола на популацијата на бездомни кучиња на територијата на Општина Шуто Оризари за 2019 година

I. ВОВЕД
Со оваа програма се утврдуваат активностите за третирање на бездомни кучиња скитници, условите, организацијата и обемот на извршувањето. За решавање на проблемот поврзан со зголеменото присуство на бездомни кучиња, односно за контрола на нивниот број, од страна на Светската здравствена организација за заштита на животните и позитивните законски прописи во Република Македонија, единствено е можен хуманиот начин на третирање на овие животни.
Хуманиот третман подразбира згрижување и заштита на животните, но и заштита на безбедноста и здравјето на граѓаните во општината.

II.ЦЕЛИ НА ПРОГРАМАТА

Општата цел на Програмата е определување на општи мерки и активности што треба да се преземат на територијата на општината за ефикасна контрола и заштита на популацијата на бездомни кучиња, како и третман согласно прописите од областа на ветеринарното здравство и благосостојбата на животните.

III.ПРЕДМЕТ НА ПРОГРАМАТА

Предмет на програмата е определување на мерки и активности што треба да се преземат во 2019 година за ефикасна контрола и заштита на популацијата на бездомни кучиња. Активностите за хумано третирање на бездомни кучиња-скитници на територијата на Општина Шуто Оризари ќе опфатат:

-заловување на кучињата, -ЈП Комунална Хигиена
-транспорт до прифатилиште Вардариште-ЈП Комунална хигиена
-прием и преглед од доктор по ветеринарна медицина, -ЈП Комунална хигиена
-лабараториско испитување на заразни болести согласно прописите од областа на ветеринарното законодавство, вклучувајќи испитување од болеста лајшманиоза,-ЈП Комунална хигиена
-ветеринарно медицински третман на кучињата, овариохистеректомија и орхиектомија, -постоперативно сместување и нега, -ЈП Комунална хигиена
-вакцинација и дехелментација,-ЈП Комунална Хигиена
-обележување со микро чип,-ЈП Комунална хигиена
-враќање на заловените кучиња на реонот на нивно заловување или вдомување на кучињата, -ЈП Комунална хигиена
-еутаназија на кучињата согласно прописите од областа на ветеринарното здравство,
-едукација и подигнување на јавната свест кај населението. -ЈП Комунална хигиена
-Престој во прифатилиште, ветеринарно медицински третмани понатамошно постапување со третираните кучиња.
-Обезбедување на локација- во спортско рекреативниот центар на ул.,,Јован Хаџи Шишков’’ бб соодветно обележена и заградена, за шетање на домашни миленичиња во придружба на сопственикот кои ќе можат слободно да се шетаат без подводник-Општина Шуто Оризари рок во текот на календарската година заклучно со месец 06.2019 година-Општина Шуто Оризари рок 06 2019 година
-Евиденција на начинот на постапување на општината во делот на приемот на пријави од граѓани за потреба на одстранување на абездомните кучиња од јавни површини и нивно сместување во прифатилиштето на ЈП,,Комунална хигиена’’, Вардариште и повратно известување од прифатилиштето колку кучиња се прифатени, колку се вратени и колку се еуатинизирани и колку се медицински третирани-Општина Шуто Оризари во текот на целата година во соработка и договор со ЈП Комунална хигиена.
Заловените кучиња се транспортираат до прифатилиште Вардариште кое е регистрирано и има одобрување од Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија. Кучињата се сместуваат во просториите за прием во кои се врши набљудување на кучињатаод странана докторот по ветеринарна медицина кој врши преглед на заловените кучиња и ги спроведува сите мерки согласно закон и тој одредува кои од нив ги исполнуваат критериумите за еутаназија.
Еутаназијата се врши:
-во согласност со важечките законски прописи и наредби;
-кога животното е заболено од заразна или паразитска болест која може да се пренесе на други животни или луѓето, животното е заболено од други болести кај кои лечењето е долго и со несигурна прогноза, тешко повредени животни, животни кои видливо страдаат или стари изнемоштени животни;
-кога кучињата преставуваат опасност кон луѓето или другите животни и
-кога кучињата поминале минимум временски период потребен за исцрпување на можноста за вдомување.
Медицински третман на здрави кучиња се врши на следниот начин:

Сите клинички здрави животни од страна на ЈП Комунална хигиена се транспортираат до Ветеринарно друштво кое е одобрено од Агенцијата за храна и ветеринарство за ветеринарно-медицински третман на бездомните кучиња од прифатилиштето за што треба да се поседува валиден склучен договор, односно во посебен дел за оперативно и болничко лекување во прифатилиштето доколку го поседува. Сите животни кои по мислење на ветеринарен доктор ги исполнуваат критериумите за операција се оперираат-стерилизираат. По завршената операција и постоперативно опоравување животните се враќаат назад во прифатилиштето Вардариште односно во делот за престој во прифатилиштето на ЈП Комунална хигиена каде се врши нивно редовно хранење и постојан надзор од страна на обучени лица. Прифатилиштето се одржува согласно санитарно-хигиенските прописи:
боксовите во прифатилиштето редовно се чистат, се врши дезинфекција и дезинсекција, а по потреба и соодветна дератизација на целиот простор. Изведувачот на Програмата е должен да склучи договор со овластен оператор за нештетно отстранување на лешеви и нус производи од животинско потекло, во специјално изградена гробна јама на соодветна комунална депонија, а исто така ќе ги собира и транспортира фекалиите/отпадот од прифатилиштето. Непосредно при напуштање на прифатилиштето кучињата се вакцинираат против болеста беснило и се третираат со средство против ендопаразити и ектопаразити. Третираните кучиња и обележани со микрочип се враќаат на реонот на заловување или се вдомуваат, а вдомените се регистрираат во ветеринарно инормативиот систем. Приоритет ќе се дава на вдомување на животните.

IV. ЕДУКАЦИЈА И ПОДИГНУВАЊЕ НА ЈАВНАТА СВЕСТ КАЈ НАСЕЛЕНИЕТО
Подигнувањето на јавната свест е клучна за справување и хуман третман на кучињата скитници. Изведувачот на Програмата, Владата на РМ, Градот Скопје и општина Шуто Оризари се должни да обезбедат комуникација со граѓани преку разни форми на комуникација, да спроведува едукативни и промотивни активности за подигнувањe на јавната свест за постапување со бездомни кучиња, да организира акции и настани за вдомување на кучиња.

V.ОБЕМ НА АКТИВНОСТИ
Се предвидува интензитетот на заловување на бездомни кучиња во Општина Шуто Оризари од страна на ЈП Комунална хигиена да биде околу 10 кучиња месечно, согласно капацитетот на сместување во прифатилиште на ЈП Комунална хигиена кое треба да ги исполнува условите за сместување на бездомни кучиња/месечно.

VI.ИЗВЕДУВАЧ НА ПРОГРАМАТА
Годишната програма ќе ја реализира Општина Шуто Оризари субјект коj вo општината и Град Скопје е одреден, ЈП Комунална хигиена и кој ги исполнува условите за изведување на активности согласно закон.

VII. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Н а д з о р н а д о и з в р ш у в а њ е т о н а Програмата врши Овластениот комунален инспектор, овластениот инспектор за животна средина на Општина Шуто Оризари, на град Скопје, Секторот за инспекциски надзор при Агенцијата за храна и ветеринарство и други државни инспектори на РМ, надлежни во оваа област. За спроведените активности на терен, изведувачот ЈП Комунална хигиена е должен да изготвува квартални извештаи за територијата на општина Шуто Оризари, кои ќе бидат доставени до Градоначалникот на општината и ќе бидат усвоени од Советот на Општина Шуто Оризари.Оваа План и Програма влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен гласник на Општина Шуто Оризари“.