ОПШТИНСКО-КОРИСНА РАБОТА 2018

 

ОПШТИНСКО-КОРИСНА РАБОТА 2018

Во текот на 2018 година согласно Оперативниот план з активни програми и мерки за вработувње и услуги на пазарот на труд за 2018 година од страна на Прогрмата за развој на обединетите нации – УНДП беше пуштен повик за учество во Програма Општинско-корисна работа 2018 – Проект „Креирање можности за работа на сите – III“.

Општина Шуто Оризари оваа година беше избрана од страна на Работно тело кое работи по полемиката и ги води активностите поврзани со Програма Општинско-корисна работа 2018 година.

Активностите кои оваа година Општината ќе ги води односно реализира се следниве:

  • Грижа на деца во претшколска возраст односно ангажирање на невработни Ромки од територијата на општина Шуто Оризари во ЈОУДГ „8-ми Април“ како негователки.
  • Грижа за стари лица од општина Шуто Оризари каде се ангажирани 5 негователки за грижа на страи лица.

Активностите се отпочнати согласно календарот на активности до страна на УНДП. Општина Шуто Оризари се надева на плодна соработка како и долгогодишно учество на Програмата Општинско-корисна работа 2018 година.