mk_MK mk_MK

Општина Шуто Оризари

KomunaSutoOrizari

Република Македонија RepublikaMakedonija

Врз основа на член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16 и 64/18), член 50 став (1) точка 16 од Законот за локална самоуправа (Службен весник на РМ бр.5/02), член 45 став (1) точка 6,9,12 од Статутот на Општина Шуто Оризари-Скопје (Службен гласник на Општина Шуто Оризари-Скопје бр.1/97), Градоначалникот на Општина Шуто Оризари-Скопје донесе:

О Д Л У К А

за спроведување на јавна презентација и јавна анкетa

по Предлог Детален урбанистички план Градска четврт C.06, блок С.06.01

Општина Шуто Оризари, плански период  2018-2022

 

                                                                                        Член  1

 Со оваа Одлука се организира јавна презентација и јавна анкета по Предлог Детален урбанистички план Градска четврт С.06 блок С.06.01, Општина Шуто Оризари, плански период 2018-2022.

Член  2

 Соопштението за организирање на  јавната презентација и јавната анкета ќе биде објавено во дневните весници „Слободен печат“ и „Lајm“, на информацискиот  систем е-урбанизам, вебстрана на општината www.sutorizari.com .mk и на огласната табла на општината.

Член  3

 Јавна презентација ќе се одржи во просториите на Општина Шуто Оризари – Скопје, ул.„Хаџи Јован Шишков“ бб, во сала за состаноци на ден 27.09.2018 година, во 12.00 часот.

Јавната анкета ќе трае 10 работни дена  и тоа од 13.09.2018 година до 26.09.2018 година.

Член  4

 Предлог-планот ќе биде изложен во холот на административната зграда општината Шуто Оризари (ул.„Јован Хаџи Шишков“ бб) секој работен ден од 08.00 до 16.00 часот.

Член  5

 Заинтересираните физички и правни лица можат да учествуваат на јавната презентација и јавната анкета, а во времетраење на анкетата ќе можат на анкетни листови да достават забелешки и предлози по предлогот на планот.

resenie – sken

ОПШТИНА ШУТО ОРИЗАРИ

ГРАДОНАЧАЛНИК

Курто Дудуш