Асфалтирана е улицата Волт Дизни

Решивме еден горчлив децениски проблем на жителите на ул. Волт Дизни, завршивме со асфалтирање на една од најфрекфентните споредни улици во нашата општина.  Во 21 век недозволиво е нашите деца да одат на училиште газејќи по каливи улици. Затоа етапно започнавме и до крајот на 2018 година очекуваме да се завршат и другите проекти, затоа што сите граѓани се еднакви и сите ги заслужуваат истите услуги. Во следниот период ќе продолжиме со асфалтирање на краците на улицата. Благодарност до пријателот на Шуто Оризари, Аксел Ахмедовски, Министер без ресор кој овозможи реализација на овој инфраструктурен проект преку неговиот кабинет.