mk_MK mk_MK

ПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА НОВАТА ДЕТСКА ГРАДИНКА ВО ШУТО ОРИЗАРИ

 Започна изградбата на новата детска градинка во Шуто Оризари

Денес започнуваат активностите за градба на новата детска градинка во нашата општина. Ова е најсовремениот модел на детска градинка, енергетски ефикасен објект и со сите европски стандарди.

За сето ова да се реализира, несебична помош даде Кралството на Норвешка, издвојувајќи 700.000 долари. Со овој гест се покажаа како вистински пријатели на Ромската заедница и на општината. Голема благодарност и до УНДП кои го менаџираат проектот и обезбедуваат негова професионална имплементација.

И поматаму останува потребата од дополнителна финансиска подршка на овој проект, со цел да се заврши и изградбата на втората фаза од проектот, дополнителни 800м2. Се надеваме дека ресорното министерство – Министерството за труд и социјална политика да направат напори за алоцирање на дополнително потребните сретства. Со дополнителната градба ќе се обезбедат услови за инклузика на сите дечиња во градинката, и тие што со години се на листата на чекање.