ОБЈАВА

Почитувани граѓани на општина Шуто Оризари,
За целите на зачувување на чистата животна средина, особено во летниот период каде што поради високите темеператури има висок ризик од заразни заболувања од сметот во дивите депонии, вработените во општина Шуто Оризари во одделението Комунални дејности,  со расположливите ресурси ќе вршат редовно собирање на отпадни материјали од Вашите домови, по претходна Ваша телефонска пријава.
По пријавување на адреса и број на телефонскиот број: 078 419 798, Ѓоко Клинчаревски, раководител на сектор, очекувајте ги нашите служби во најскор можен рок.
Воедно со оваа мерка уште еднаш сакаме да апелираме до сите граѓани дека чистата околина е наша заедничка обврска и секое несовесно однесување во оваа насока ( фрлање смет на јавни површини) е казниво.