Оддржана работилница на тема „Животот на Ромите – предизвици и перспективи“ на 2.05.2018 година (среда) во Општина Шуто Оризари

Програмата за развој на Обединетите нации, во партнерство со Општина Шуто Оризари, оддржа  работилницата на тема „Животот на Ромите – предизвици и перспективи“ на  ден 2.05.2018 година (среда) во Општина Шуто Оризари. Целта на работилницата  беше  преку продуктивна дискусија учесниците да ги споделат своите мислења, идеи и ставови поврзани со трите главни теми (вработување, домување и образование) – произлезени од Регионалното истражување фокусирано на социо – економската позиција на Ромите во земјите на Западен Балкан, реализирано во текот на 2017 година.

На работилницата присуствуваа и зедоа учество, постојаната преставничка на УНДП, г-ѓа Луиза Винтон, преставничката од Регионалната канцеларија на УНДП, Истанбул г-ѓа Шила Марни како и со свое обраќање како и позитивни насоки даде г-дин Курто Дудуш, градоначалник на општина Шуто Оризари.

На работилницата произлегоа многу битни и релевантни податоци како и препораки до надлежните институции кои беа дел од работилницата односно Агенцијата за вработување на Р.М. (АВРМ), Меѓуопштинскиот центра за социјална работа Шуто Оризари, преставници од МТСП, преставници од О.О.У „Браќа Рамиз Хамид“ и О.О.У „26-ти Јули“, ЈОУДГ „8-ми Април“ и преставник од Секторот за образование на Град Скопје.