г-дин Патрик Гаспард и г-дин Александар Сорос во посета на Општина Шуто Оризари

Претседателот на Фондациите отворено општество – Њујорк, г-дин Патрик Гаспард и г-дин Александар Сорос, филантропист и син на Џорџ Сорос денес во кратката агенда која ја имаа за посета на Македонија, ја посетија и нашата општина. Со нив беа преставници од канцеларијата на РИО Будимпешта и ФООМ.
Во двочасовната агенда која ја планираа за нас, разговаравме за развојните планови на општината, посетивме локално население од месноста Брсјачка буна и им ја покажавме локацијата каде ја планираме првата индустриска зона.
Горди сме што ги имавме за гости и што отворено ги разговаравме можностите за заедничка соработка.
Воедно, пренесовме и покана до господинот Џорџ Сорос да ни биде гостин во следна прилика.