mk_MK mk_MK

Детски градинки

Општина Шуто Оризари овозможува пристап до предучилишно образование со цел создавање и насочување на позитивни емоционално социјални односи на подржување и поттикнување на спонтаните детски активност на чување и јакнење на детското здравје, правилен раст и развој на детскиот организам развивање на моториката , збогатување на детските искуства за луѓето и појавите од непосредната околина , развивање на говорот и другите изразни можности.

Општина Шуто Оризари располага со една детска градинка ,,8-ми Април”.

Приоритетна цел на градинката е ефикасно водење на целокупната работа на Установата од секој аспект, комуникација и соработка со Градоначалникот, Локалната самоуправа и Советот на Општина Василево, со Владата на Република Македонија и Министерството за труд и социјална политика во реализирањето на дејноста, изнаоѓање спонзорства и донации се со цел да се подобрат условите за престој на децата во Установата. Исто така ќе се продолжи да се залага за континуиран пораст на бројот на децата во градинката, нови вработувања и подобрување на стандардот на децата и вработените во градинката.

Во тек е проект за изградба на нова градинка во Општина Шуто Оризари во соработка со локалната самоуправа, UNDP, Амбасадата на Норвешка и МТСП.