mk_MK mk_MK

СТРАТЕШКИ ЦЕЛИ НА ОПШТИНАТА

По извршената анализа на постоечката ситуација, т.е. SWOT анализата, како и преку работилниците спроведени со сите чинители на локалниот економски развој на општина Шуто Оризари (локалните власти, јавните претпријатија, приватниот и граѓанскиот сектор), официјалните податоци од релевантните институции, како и анкетното и теренското истражување, беа утврдени следните стратешки цели за постигнување на визијата: 

  • Одржлив економски развој.
  • Подобрување на квалитетот на живеење преку образование, здравствена и социјална заштита, култура и спорт.
  • Подобрување на инфраструктура и заштита на животна средина 

Со реализација на стратешките цели, ќе се постават основи за долгорочен и одржлив развој на општина Шуто Оризари и постигнување на дефинираната визија за самата општина. Клучно за развојот на една општина е создавање на услови за одржлив економски развој. Имајќи ја во предвид моменталната состојба преку направената SWOT анализа, потенцирана е потребата од проактивна улога на локалната самоуправа за анимирање и поттикнување на локалниот економски развој и истото треба да се направи преку добро осмислен и стратешки организиран пристап. 

  1. ОДРЖЛИВ ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ

    Поставени се пет (5) конкретни цели за одржлив економски развој:
  • Подобрување на квалитетот на услугите на јавната администрација
  • Поддршка на развојот на мали и средни претпријатија (МСП)
  • Подобрување на бизнис опкружувањето
  • Привлекување на инвестиции
  • Зголемување на вработувањето 

За првата цел “подобрување на квалитетот на услугите на јавната администрација”се планира да се преземат повеќе активности во насока на зголемување на капацитетот на општинската администрација и подобрување на квалитетот на услугите. Активностите предвидуваат обуки за континуирана едукација на вработените и развој на специфични вештини врз основа на индивидуален план за едукација, вработување на нови лица според потребите во систематизацијата на работните места на општината, зголемување на бројот на вработени жени во администрацијата, формирање на сектор за локален економски развој, обука на тим за подготовка на предлог проекти за обезбедување на средства од различни фондови, воведување на ISO 9001 (стандард за квалитет на процеси), достапност на информации преку веб и РИЦ (Ромски информативни центри), пристапни рампи за лица со хендикеп до општинската зграда, обука на администрацијата за подготовка на акциски планови кои произлегуваат од законите и соработка и вмрежување со невладините организации.

За втората цел  поддршка на развојот на мали и средни претпријатија (МСП)”се планира да се превземат следниве активности: формирање на бизнис инкубатор на локално ниво, изработка на база на податоци на МСП во општината, реализација на програма за промоција на секторот на МСП и запознавање со кредитни линии, помош при регистрацијата на нови и легализација на постоечки бизниси, поддршка во процесот на градење на стратегијата и менаџментот на локалните бизниси, промоција на активните мерки за самовработување и потребата од редовно регистрирање на невработените во Агенцијата за вработување, поддршка и обука на жени претприемачи и промоција и поддршка за воведување на ХАСАП стандардот во производството и продажбата на храна.

За третата цел подобрување на бизнис опкружувањето” се планира овозможување на стимулативни фискални мерки за претприемачи и бизниси, и иницирање и приклучување кон настани за вмрежување и соработка помеѓу бизнисите, и на национално и на меѓународно ниво.

За четвртата цел привлекување на инвестиции”  ќе се направат напори да има што повеќе промотивни настани и активности за привлекување на инвестиции на ниво на општина и во индустриската зона која е планирано да се гради.

За петата цел зголемување на вработувањетоќе се идентификуваат сите невработени лица (активни, неактивни) по пол, старост, образование и вештини, можностите за вработување на ниво на општина и на ниво на град Скопје, ќе се искористуваат можностите од активните мерки за обука и вработување кај познат работодавач, ќе се обучи населението за стручни вештини според побарувањето на пазарот на труд и ќе се промовираат придобивките од редовното пријавување на граѓаните како невработени во Агенцијата за вработување.

 

  1. Подобрување на квалитетот на живеење преку образование, здравствена и социјална заштита, култура и спорт

По направената SWOT анализа за целта подобрување на квалитетот на живеење преку образование, здравствена и социјална заштита, култура и спорт, детектирани се различни проблеми, но воедно и начини за нивно надминување. 

Поставени се пет (5) конкретни цели: 

  • Подобрување на квалитетот на предшколското, основното и средното стручно образование
  • Подобрување на здравствената заштита
  • Подобрување на социјалната заштита
  • Проширен обем со културна содржина
  • Подобрување на условите за спорт и рекреација 

За првата конкретна цел подобрување на квалитетот на предшколското, основното и средното стручно образование”за овозможување на можности  на сите деца  и младинци во општина Шуто Оризари ќе се направи напор да се реализираат следниве активности:  изградба на дополнителна градинка, менување на азбестниот покрив на ОУ “Браќа Рамиз и Хамид”, изградба на дополнително основно училиште за да може да се воведе целодневна настава,обезбедување на превоз за децата од подалечните населби до училиштата,  истражување за бројот на деца кои не се опфатени во школскиот систем и кои немаат никакви документи, изработка на програма за основно образование за деца во поодмината возраст и нивно згрижување,  креирање на програми за преквалификација/доедукација на возрасни, надградба на наставниците преку семинари, обуки и слично, вработување на психолог, педагог, дефектолог и социјален работник во основните училишта, вработување на општ лекар и стоматолог во училиштата и поддршка на центарот за деца на улица.

За втората конкретна цел  подобрување на здравствената заштита”се предвидуваформирање на дополнителни тимови за ноќна смена во здравствениот дом, информирање на граѓаните за работењето на ноќната служба во здравствениот дом, отворање на гинеколошка амбуланта, набавка на современа медицинска опрема, обезбедување на возило за итна помош, доедукација на медицинскиот тим преку обуки и семинари, обука на медицинскиот тим за културолошките карактеристики на локалното население, формирање на мобилен тим за приближување на лекарот до пациентот – набавка на возило и потребна медицинска опрема за теренска работа, и подигнување на свеста кај граѓаните за хигиено-здравствените навики.

За третата конкретна цел подобрување на социјалната заштитаќе се спроведат следните активности: анализа за реалниот број на лица под ризик кои имаат потреба од оброк и причините за тоа, соодветни програми/советувалишта за фамилиите кои примаат социјална помош, сервиси за планирање на семејството и семејно советувалиште, програма за искоренување на малолетничките бракови, подготовка на стратегија за детски развој и заштита на децата од злоупотреба, подигање на свеста против семејното насилство и злоупотреба на жените и децата, акциски планови за социјално вклучување на различни категории маргинализирани граѓани како алкохоличари и повратници од затвор, проширување и реновирање на народната кујна, дополнително вработување на лица во народната кујна, истражување за потребата од изградба на дом за стари лица и според тоа изградба на истиот, анализа на потребата за домување на лица под социјален ризик и изградба на домови за овие лица.

За четвртата конкретна цел проширен обем со културна содржина”ќе се спроведат следниве активности: изградба на дом на културата,  изградба и опремување на библиотека, зголемување на културните содржини, одржување на повеќе културни манифестации и подршка на културно – уметничките здруженија..

За петтата конкретна цел  подобрување на условите за спорт и рекреација” ќе се направи напор за изградба на нови спортски терени, санација на постоечките игралишта и терени во училиштата, и oрганизација и одржување на повеќе спортски натпревари од различни спортски дисциплини. 

  1. Подобрување на инфраструктурата и заштитата на животната средина 

Подобрувањето на инфраструктурата и заштитата на животната средина е долгорочен развоен приоритет на општината Шуто Оризари. 

Врз база на резултатите од SWOT анализата, за реализација на овој долгорочен приоритет се предвидени седум (7) конкретни цели: 

  • Уредување и користење на просторот во склад со изготвената планско урбанистичка документација
  • Развиена и подобрена сoобраќајна инфраструктура
  • Изградба на атмосферска канализација
  • Приклучување и подобрување на канализацијата за санитарни отпадни води
  • Подобрување на водоводната мрежа
  • Уредување и озеленување на јавните површини и заштита на животната средина
  • Управување со отпад и чистење на диви депонии 

За првата конкретна цел уредување и користење на просторот во склад со изготвената планско урбанистичка документација” ќе се направи обид за реализација на следниве активности: изработка на Детален урбанистички план, уредување на просторот според планска документација и поставување на урбана опрема, просторно планирање и уредување на индустриската зона и урбанизирање на пазарот во Шуто Оризари.

За втората конкретна цел развиена и подобрена соoбраќајна инфраструктура”oпштината ќе се залага за изградба на нови локални патишта, санација и одржување на постоечките локални патишта, изработка на план за поставување на тротоари и нивно поставување,поставување на патна сигнализација(пешачки премини, семафори, знаци и патокази) и набавка на возила за одржување на патиштата.

За третата конкретна цел  изградба на атмосферска канализација” ќе се изработи план за поставување на атмосферска канализација на патиштата и нејзино поставување според планот.

За четвртата конкретна цел приклучување и подобрување на канализацијата за санитарни отпадни води”ќесе изградат пречистителни станици за комунални отпадни води и ќе се приклучи село Горно Оризари кон канализационата мрежа преку 13 краци.

За петтата конкретна цел подобрување на водоводната мрежа” ќе се направи напор за поврзување кон градската  водоводна мрежана целокупното население и ќе се предложи замена на постоечките водоводни цевки.

За шестата конкретна цел уредување и озеленување на јавните површини и заштита на животната средина ќе се спроведат следните активности: изработка на план за зазеленување на јавни површини и негово спроведување, подигање на свеста на населението за заштита на животната средина и рециклирањето, подигање на свеста кај младите за придобивките од рециклирањето (екологија и бизнис информативни сесии), и промоција на мерките за субвенционирање на Владата на РМ за инсталирање на системи за користење на соларна енергија.

За  седмата конкретна цел управување со отпад и чистење на диви депонии” ќе се постават дополнителни контејнери според утврдените критични места во планот за управување со отпад, ќе се набават специјални камиони за собирање на ѓубрива за редовно отстранување на комуналниот отпад од домакинствата, ќе се изработи физибилити студија за претоварна станица за комунален отпад, и ќе се изврши одлагање на околу 57180м3 отпад од седумте диви депонии на територијата на општината.