mk_MK mk_MK

Профил на општината

 

 

 

 

ОПШТИНА ШУТО ОРИЗАРИ

 

ПРОФИЛ НА ОПШТИНАТА

 

ФЕВРУАРИ, 2018

 

 

ИСТОРИЈАТ НА ОПШТИНАТА И ДЕМОГРАФСКИ ПОДАТОЦИ

 

Шуто Оризари почнува да се развива кон крајот на 1963, почетокот на 1964 година, со населување на првите жители, претежно Роми. Името потекнува од зборот “шуто” што во превод значи неплодно. Со постепено обликување на населбата, Општината Шуто Оризари почнува да добива изглед на урбанизирано приградско соседство. Со тек на време населбата се здобива со свои административни и културни институции. Во 1996 година Шуто Оризари заедно со двете села околу него – Горно и Долно Оризари, формираат самостојна административна единица – општина Шуто Оризари. Општина Шуто Оризари е првата општина во светот со мнозинско ромско население. Градоначалник на општината од ноември 2017 година е  господин Курто Дудуш.

 

Во рамките на територијалнатa поделба од 1996 година и новиот закон за територијална организација од 2004 година, Скопје се состои од 10 општини, меѓу кои е и општината Шуто Оризари. Оваа општина се наоѓа во Скопската котлина, во северниот дел на градот Скопје и претставува составен дел на градот. Таа е лоцирана на северниот дел на градот и се граничи со општините Бутел и Чучер Сандево. Според член 8 од Законот за градот Скопје, граничната линија на Шуто Оризари започнува од раскрсницата на трите гранични линии на општините Бутел, Шуто Оризари и Чучер Сандево и ја следи граничната линија на општина Бутел по локалниот пат до Визбегово, свртува на патот кон Визбегово, продолжува по надворешната гранична линија на Горно Оризари до раскрсницата на трите гранични линии на Бутел, Шуто Оризари и Чучер Сандево. Општина Шуто Оризари зафаќа површина од 7,48 km² и има густина на населеност од 2.943,75 жители/km². Во состав на општината влегува селото Горно Оризари.

 

Генералната слика за населението во општина Шуто Оризари, според пописот на населението, домаќинствата и становите во Р.М. од 2002 година e дадена во табелите подолу (според неофицијални податоци околу 35.000 жители). Според податоците, 60,6% од вкупното население во општината е од ромска етничка припадност. Сепак, со повторна напомена дека сите овие податоци треба да се земат со резерва со оглед на тоа дека дека е поминат долг период од последниот официјален попис.

 

 

 

Општина  

Етничка припадност

Вкупно Маке-
донци
Албанци Турци Роми Власи Срби Бош-њаци Оста-нати
Шуто Оризари  22 017  1 438 (6,53%)  6 675 (30,32%) 56 (0,25%) 13 342 (60,60%) 67 (0,30%) 177 (0,80%) 262 (1,19%)

 

РМ

Град/

Општина

Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Останати
РМ 64,18 25,17 3,85 2,66 0,48 1,78 0,84 1,04
Скопје 66,75 20,04 1,7 4,63 0,5 2,82 1,5 1,61
Шуто Оризари 6,53 30,32 0,25 60,6 0,0 0,3 0,8 1,2

 

Вкупно население во општина Шуто Оризари Жени Мажи Писмeни* Неписмени* Домаќинства Станови Просечен број на членови во домакин-ството
22017 10941 11076 15890 1809 5102 5263 4.32

 

Во општината сеуште постои проблем со жители без лична документација, со кои вкупниот број на население на територијата на општината би бил поголем (на пример, само во мај 2014 година, детектирани се 25 деца без лични документи во овој регион).

 

Миграциските движења на населението покажуваат тренд на зголемување на вкупното население во општина Шуто Оризари, и се прикажани во следните табели заедно со старосната структура на населението (од кое само 4.6% е над старосната граница од 65 години, и се разликува значително од населението во Град Скопје над истата старосна граница кое изнесува 10.4%):

 

Општина Доселени (2012) Отселени (2012) Миграционо салдо (2012)
вкупно доселени доселени граѓани во рамките на Република Македонија доселени граѓани во  Република Македонија од други држави вкупно отселени отселени граѓани во рамките на  Република Македонија отселени граѓани од Република Македонија во други држави вкупно миграционо салдо во рамките на Република Македонија миграционо салдо  во/од Република Македонија од / во други држави
   Шуто Оризари   31   31   41   41 –  10 –  10

 

Степенот на образование на жителите во општина Шуто Оризари во најголем процент е основно образование, и тоа дури 52,27% од населението на возраст од 15 и повеќе години. Дистрибуцијата на населението според школската подготовка, е прикажано табеларно подолу. Во самата општина постојат две основни училишта, основно училиште „Браќа Рамиз и Хамид“ каде учениците освен што учат на македонски јазик, имаат и предмет ромски јазик, и основно училиште е „26-ти Јули“ каде наставата се изведува на македонски и  албански јазик.

 

Значително повисок процент на неписмено население постои во општина Шуто Оризари во споредба со просекот на ниво на Република Македонија и градот Скопје. Исто така, во општина Шуто Оризари значително поголема е неписменоста кај женското население, и е прикажано табеларно подолу.

  Вкупно Мажи Жени
Писмени Неписмени Писмени Неписмени Писмени Неписмени
Вкупно 1 693 044 63 562 863 289 14 993 829 755 48 569
Скопје 433 139 10 902 215 256 2 143 217 883 8 759
Шуто Оризари 15 890 1 809 8 496 361 7 394 1 448

 

Во однос на бруто домашниот производ (БДП), во 2011 година, Скопскиот регион учествува со дури 42,2% во вкупниот БДП на Република Македонија, значително повеќе од преостанатите региони.

Во споредба со Скопскиот регион, во општина Шуто Оризари се забележува значително помала економска активност кај жените во споредба со мажите.Општина Шуто Оризари е добро поврзана со соседните општини на Градот Скопје, како и со самиот автопат преку обиколницата.

Патната мрежа во општина Шуто Оризари има вкупна должина од 33.00 км, од кои најголемиот дел патишта ја сочинуваат уличната мрежа во урбанизираните населени места, а мал дел отпаѓаат на патиштата што ги поврзуваат населените места во рамките на општината.

Локалните патишта, со мали исклучоци, имаат коловозна покривка во мошне лоша состојба и несоодветна сообраќајна сигнализација. На територијата на општината има два моста (надвозници) со вкупна должина од 55,00+23,00=83,00 м.

Водоснабдувањето во општината се врши преку градскиот водовод на кој има 4500 приклучоци, додека с. Горно Оризари се снабдува со вода од четири артерски бунари.

Особено во летниот период, водоснабдувањето претставува проблем за приклучоците на градската водоводна мрежа со оглед на тоа што самите водоводни цевки кои се поставени пред неколку декади не предвиделе задоволување на потребниотденешен капацитет. Истото го доведува до прашање и квалитетот на водата пред се за пиење, поради промена на стандардите во изработката на самите цевки за водоснабдување.

Пристап до санитација, односно пристап до канализација на градската фекална канализациона мрежа во урбаниот дел (град) на населбата Шуто Оризари, имаат околу 90% од населението, а преостанатите 10% фекалните канализациони води ги исфрлаат дел во септички јами, а дел истекуваат на јавни површини и ја загадуваат околината. Во руралниот дел, во село Горно Оризари, фекалните канализациони води се исфрлаат 100% во септички јами кои жителите редовно ги чистат. Сепак, потребите на самата општина не се целосно задоволени со постоечкиот капацитет на канализациската мрежа.

 

Во моментов во општината Шуто Оризари, не постојат пречистителни станици и не се започнати активности за изработка на пречистителни станици за комунални отпадни води.

Дополнително, територијата на општината е целосно непокриена со атмосферска канализациона мрежа, состојба што предизвикува значителни штети особено во периодот на дждовната сезона.

Во согласност со процесот на децентрализација во Република Македонија, еден од клучните димензии е и фискалната децентрализација во надлежност на локалните самоуправи. Освен дотациите од буџетот на централната влада кои следуваат според законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, други закони овозможуваат на локалните самоуправи финансиска автономија и приходи од следниве даноци и давачки на локално ниво:

 

  • Данок на имот
  • Данок на наследство и подарок
  • Данок на промет на недвижности
  • Комунални такси
  • Административни такси
  • Надомест за уредување на градежно земјиште
  • Надоместок од комунална дејност
  • Надоместок за просторни и урбанистички планови
  • Приходи од сопственост
  • Приходи од закупнина
  • Приходи од камати
  • Приходи од продажба на имот
  • Приходи од донации
  • Приходи од парични казни
  • Приходи од самопридонес
  • Приходи од персонален данок на доход
  • Приходи од данок на додадена вредност.

 

Со оглед на малиот број на даночни обврзници кои се регистрирани на територија на општина Шуто Оризари, приливот на сретства по однос на даноци е многу низок. Генерално низ текот на годините, реализираниот буџет на општината се движи помеѓу 38.000.000 – 43.000.000 денари (618.000 – 700.000 EUR). Токму поради ваквата состојба, општината има креирано стратешки цели кои ќе се движат во насока на подобрување на социо-економската ситуација на населението и имплементација на развојни цели.

 

СТРАТЕШКИ ЦЕЛИ НА ОПШТИНАТА

 

По извршената анализа на постоечката ситуација, т.е. SWOT анализата, како и преку работилниците спроведени со сите чинители на локалниот економски развој на општина Шуто Оризари (локалните власти, јавните претпријатија, приватниот и граѓанскиот сектор), официјалните податоци од релевантните институции, како и анкетното и теренското истражување, беа утврдени следните стратешки цели за постигнување на визијата:

 

  • Одржлив економски развој.
  • Подобрување на квалитетот на живеење преку образование, здравствена и социјална заштита, култура и спорт.
  • Подобрување на инфраструктура и заштита на животна средина

 

Со реализација на стратешките цели, ќе се постават основи за долгорочен и одржлив развој на општина Шуто Оризари и постигнување на дефинираната визија за самата општина. Клучно за развојот на една општина е создавање на услови за одржлив економски развој. Имајќи ја во предвид моменталната состојба преку направената SWOT анализа, потенцирана е потребата од проактивна улога на локалната самоуправа за анимирање и поттикнување на локалниот економски развој и истото треба да се направи преку добро осмислен и стратешки организиран пристап.

 

  1. ОДРЖЛИВ ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ

 

Поставени се пет (5) конкретни цели за одржлив економски развој:

  • Подобрување на квалитетот на услугите на јавната администрација
  • Поддршка на развојот на мали и средни претпријатија (МСП)
  • Подобрување на бизнис опкружувањето
  • Привлекување на инвестиции
  • Зголемување на вработувањето

 

За првата цел “подобрување на квалитетот на услугите на јавната администрација”се планира да се преземат повеќе активности во насока на зголемување на капацитетот на општинската администрација и подобрување на квалитетот на услугите. Активностите предвидуваат обуки за континуирана едукација на вработените и развој на специфични вештини врз основа на индивидуален план за едукација, вработување на нови лица според потребите во систематизацијата на работните места на општината, зголемување на бројот на вработени жени во администрацијата, формирање на сектор за локален економски развој, обука на тим за подготовка на предлог проекти за обезбедување на средства од различни фондови, воведување на ISO 9001 (стандард за квалитет на процеси), достапност на информации преку веб и РИЦ (Ромски информативни центри), пристапни рампи за лица со хендикеп до општинската зграда, обука на администрацијата за подготовка на акциски планови кои произлегуваат од законите и соработка и вмрежување со невладините организации.

За втората цел  поддршка на развојот на мали и средни претпријатија (МСП)”се планира да се превземат следниве активности: формирање на бизнис инкубатор на локално ниво, изработка на база на податоци на МСП во општината, реализација на програма за промоција на секторот на МСП и запознавање со кредитни линии, помош при регистрацијата на нови и легализација на постоечки бизниси, поддршка во процесот на градење на стратегијата и менаџментот на локалните бизниси, промоција на активните мерки за самовработување и потребата од редовно регистрирање на невработените во Агенцијата за вработување, поддршка и обука на жени претприемачи и промоција и поддршка за воведување на ХАСАП стандардот во производството и продажбата на храна.

За третата цел подобрување на бизнис опкружувањето” се планира овозможување на стимулативни фискални мерки за претприемачи и бизниси, и иницирање и приклучување кон настани за вмрежување и соработка помеѓу бизнисите, и на национално и на меѓународно ниво.

За четвртата цел привлекување на инвестиции”  ќе се направат напори да има што повеќе промотивни настани и активности за привлекување на инвестиции на ниво на општина и во индустриската зона која е планирано да се гради.

За петата цел зголемување на вработувањетоќе се идентификуваат сите невработени лица (активни, неактивни) по пол, старост, образование и вештини, можностите за вработување на ниво на општина и на ниво на град Скопје, ќе се искористуваат можностите од активните мерки за обука и вработување кај познат работодавач, ќе се обучи населението за стручни вештини според побарувањето на пазарот на труд и ќе се промовираат придобивките од редовното пријавување на граѓаните како невработени во Агенцијата за вработување.

 

  1. Подобрување на квалитетот на живеење преку образование, здравствена и социјална заштита, култура и спорт

 

 

По направената SWOT анализа за целта подобрување на квалитетот на живеење преку образование, здравствена и социјална заштита, култура и спорт, детектирани се различни проблеми, но воедно и начини за нивно надминување.

 

Поставени се пет (5) конкретни цели:

 

  • Подобрување на квалитетот на предшколското, основното и средното стручно образование
  • Подобрување на здравствената заштита
  • Подобрување на социјалната заштита
  • Проширен обем со културна содржина
  • Подобрување на условите за спорт и рекреација

 

За првата конкретна цел подобрување на квалитетот на предшколското, основното и средното стручно образование”за овозможување на можности  на сите деца  и младинци во општина Шуто Оризари ќе се направи напор да се реализираат следниве активности:  изградба на дополнителна градинка, менување на азбестниот покрив на ОУ “Браќа Рамиз и Хамид”, изградба на дополнително основно училиште за да може да се воведе целодневна настава,обезбедување на превоз за децата од подалечните населби до училиштата,  истражување за бројот на деца кои не се опфатени во школскиот систем и кои немаат никакви документи, изработка на програма за основно образование за деца во поодмината возраст и нивно згрижување,  креирање на програми за преквалификација/доедукација на возрасни, надградба на наставниците преку семинари, обуки и слично, вработување на психолог, педагог, дефектолог и социјален работник во основните училишта, вработување на општ лекар и стоматолог во училиштата и поддршка на центарот за деца на улица.

За втората конкретна цел  подобрување на здравствената заштита”се предвидуваформирање на дополнителни тимови за ноќна смена во здравствениот дом, информирање на граѓаните за работењето на ноќната служба во здравствениот дом, отворање на гинеколошка амбуланта, набавка на современа медицинска опрема, обезбедување на возило за итна помош, доедукација на медицинскиот тим преку обуки и семинари, обука на медицинскиот тим за културолошките карактеристики на локалното население, формирање на мобилен тим за приближување на лекарот до пациентот – набавка на возило и потребна медицинска опрема за теренска работа, и подигнување на свеста кај граѓаните за хигиено-здравствените навики.

За третата конкретна цел подобрување на социјалната заштитаќе се спроведат следните активности: анализа за реалниот број на лица под ризик кои имаат потреба од оброк и причините за тоа, соодветни програми/советувалишта за фамилиите кои примаат социјална помош, сервиси за планирање на семејството и семејно советувалиште, програма за искоренување на малолетничките бракови, подготовка на стратегија за детски развој и заштита на децата од злоупотреба, подигање на свеста против семејното насилство и злоупотреба на жените и децата, акциски планови за социјално вклучување на различни категории маргинализирани граѓани како алкохоличари и повратници од затвор, проширување и реновирање на народната кујна, дополнително вработување на лица во народната кујна, истражување за потребата од изградба на дом за стари лица и според тоа изградба на истиот, анализа на потребата за домување на лица под социјален ризик и изградба на домови за овие лица.

За четвртата конкретна цел проширен обем со културна содржина”ќе се спроведат следниве активности: изградба на дом на културата,  изградба и опремување на библиотека, зголемување на културните содржини, одржување на повеќе културни манифестации и подршка на културно – уметничките здруженија..

За петтата конкретна цел  подобрување на условите за спорт и рекреација” ќе се направи напор за изградба на нови спортски терени, санација на постоечките игралишта и терени во училиштата, и oрганизација и одржување на повеќе спортски натпревари од различни спортски дисциплини.

 

 

 

 

 

  1. Подобрување на инфраструктурата и заштитата на животната средина

 

 

Подобрувањето на инфраструктурата и заштитата на животната средина е долгорочен развоен приоритет на општината Шуто Оризари.

 

Врз база на резултатите од SWOT анализата, за реализација на овој долгорочен приоритет се предвидени седум (7) конкретни цели:

 

  • Уредување и користење на просторот во склад со изготвената планско урбанистичка документација
  • Развиена и подобрена сoобраќајна инфраструктура
  • Изградба на атмосферска канализација
  • Приклучување и подобрување на канализацијата за санитарни отпадни води
  • Подобрување на водоводната мрежа
  • Уредување и озеленување на јавните површини и заштита на животната средина
  • Управување со отпад и чистење на диви депонии

 

За првата конкретна цел уредување и користење на просторот во склад со изготвената планско урбанистичка документација” ќе се направи обид за реализација на следниве активности: изработка на Детален урбанистички план, уредување на просторот според планска документација и поставување на урбана опрема, просторно планирање и уредување на индустриската зона и урбанизирање на пазарот во Шуто Оризари.

За втората конкретна цел развиена и подобрена соoбраќајна инфраструктура”oпштината ќе се залага за изградба на нови локални патишта, санација и одржување на постоечките локални патишта, изработка на план за поставување на тротоари и нивно поставување,поставување на патна сигнализација(пешачки премини, семафори, знаци и патокази) и набавка на возила за одржување на патиштата.

За третата конкретна цел  изградба на атмосферска канализација” ќе се изработи план за поставување на атмосферска канализација на патиштата и нејзино поставување според планот.

За четвртата конкретна цел приклучување и подобрување на канализацијата за санитарни отпадни води”ќесе изградат пречистителни станици за комунални отпадни води и ќе се приклучи село Горно Оризари кон канализационата мрежа преку 13 краци.

За петтата конкретна цел подобрување на водоводната мрежа” ќе се направи напор за поврзување кон градската  водоводна мрежана целокупното население и ќе се предложи замена на постоечките водоводни цевки.

За шестата конкретна цел уредување и озеленување на јавните површини и заштита на животната средина ќе се спроведат следните активности: изработка на план за зазеленување на јавни површини и негово спроведување, подигање на свеста на населението за заштита на животната средина и рециклирањето, подигање на свеста кај младите за придобивките од рециклирањето (екологија и бизнис информативни сесии), и промоција на мерките за субвенционирање на Владата на РМ за инсталирање на системи за користење на соларна енергија.

За  седмата конкретна цел управување со отпад и чистење на диви депонии” ќе се постават дополнителни контејнери според утврдените критични места во планот за управување со отпад, ќе се набават специјални камиони за собирање на ѓубрива за редовно отстранување на комуналниот отпад од домакинствата, ќе се изработи физибилити студија за претоварна станица за комунален отпад, и ќе се изврши одлагање на околу 57180м3 отпад од седумте диви депонии на територијата на општината.

 

МЕЃУЕТНИЧКА СОРАБОТКА И МЕЃУКУЛТУРЕН ДИЈАЛОГ ВО ОПШТИНАТА

Меѓуетничката атмосфера во општина Шуто Оризари е во најдобар ред, од почетокот на мандатот на актуелниот градоначалник Курто Дудуш не се забележени меѓуетнички инциденти, и политиката на Градоначалникот е во насока сите етнички аедници подеднакво да имаат пристап во општинските услуги како и соживот за сите граѓани на општина Шуто Оризари.

Општина Шуто Оризари во овој момент прави се што може за Ромската заедница, од самиот почеток на мандатот Градоначалникот Курто Дудуш е во секојдневна комуникација со Ромската заедница и како Градоначалник прави (помага) онолку колку што може и колку што му дозволуваат ингеренциите. Во секојдневна комуникација е со потенцијални донатори, НВО кој би можеле со заедничка соработка да се среди Ромската заедница од секој поглед.

На високо ниво бидејки се што се носи во општината како документ е транспаретно носено и достапно за сите заинтересирани страни.

Во носењето на одлуките на Советот, имплементацијата како и други документи, Ромската заедница е директно вклучена од поглед што во самиот состав на Советот на општина Шуто Оризари најголем број се Роми кои живееат и работат со Ромската заедница (15 Советници се Роми и 4 се Албанци).

Градоначалникот е во секојдневна комуникација со Ромската заедница, земајки го фактот дека доминантно население во општина Шуто Оризари е Ромското население. Приемен ден кај градоначалникот е петок, но и другите работни денови па и неработни Градоначалникот е во секој дневна комуникација со Ромската заедница.

Ромите се застапени во советот, односно има 15 Роми Советници, каде и Претседател на Советот е Жена Ромка

Општината е во тек со изработка на Локални акциони планови за раст и развој на општина Шуто  Оризари,каде се земени во предвид вистинските потреби и пробелми на Ромската заедница, со тенденција истите да се подобрат и решат.

 

 

ПОЛИТИКИ ЗА РОМИ НА ЛОКАЛНО НИВО

 

Од самиот почеток на мандатот на Градоначалникот Курто Дудуш, во тек е изработка на Локални акциони планови согласно Националните акциони планови за унапредување на состојбата на Ромите 2015-2020, како и проекти кои ќе помогнат во развивање на Општината економски, социолошки и културно, а и многу е рано да се набројат работи што се направени.

Приритет на Општината е економски да се зајакне, урбанистички да се подобри, односно да се прошири местото на домување на Општината односно со планираниот проект „Шутка 2“ , каде населението ќе се децетрализира односно да се ослободат слободни парцели каде што идни инвеститори би граделе, економски инвестирале а со тоа би се придинело кон подобрување на социо-економскиот стандард на Ромското население.

Во самата општинска администрација со статус административни службеници се вработени вкупно 3 Роми, од кои двајца Ромки самостојни референти, и еден Ром – Соработник.

 

ОБРАЗОВНИ ИНСТИТУЦИИ НА ЛОКАЛНО НИВО

На ниво на општина Шуто Оризари функционираат две основни училишта, едно средно училиште и една детска градинка која во 2017 година беше опожарена. До крајот на 2018 година се очекува завршување на градежните активности во однос на новата градинка за чија реализација се обезбедени сретства од меѓународната заедница (Норвешка амбасада). Двете училишта, од кои во едното се посетуваат настава претежно албански ученици додека во другото настава посетуваат претежно деца од Ромска националност се едни од најголемите училишта на ниво на град Скопје со над 2.000 ученици. Средното образование, односно средното училиште, иако е на територија на општина Шуто Оризари, сеуште е под ингеренција на град Скопје.