Претседател на Совет

Претседател на Совет на општина Шуто Оризари е Фатима Османовска.

Фатима Османовска е родена во Скопје. Своето образование го стекнала на Универзитетот Св. Кирил и Методиј -Филозофски Факултет- Институт за социјална работа и политика.
За време на студиите и после завршување на истите, своето практично искуство го стекнува во ромскиот невладин сектор, во сектори поврзани со ромски прашања, здравство, социјала, образование и општествена инклузија. Фатима за време на својот професионален ангажман била избрана како Претседател на Здружението ИРИЗ – Иницијатива за развој и инклузија на заедниците и координатор при имплементација на проекти за унапредување на состојбата на Ромите. Како долгогодишен активист има значителен придонес во развојот на ромската заедница, во поглед на обезбедување на еднаков пристап до образование, вработување, политичка партиципација, социјална инклузија и родова еднаквост.

Таа својата експертиза ја надоградува со активно учество на меѓународни конференции, семинари и конгреси.

На локалните избори во 2017 година била избрана за советник, а потоа и за Претседател на Советот на Општина Шуто Оризари.