Во рамките на територијалнатa поделба од 1996 година и новиот закон за територијална организација од 2004 година, Скопје се состои од 10 општини, меѓу кои е и општината Шуто Оризари. Оваа општина се наоѓа во Скопската котлина, во северниот дел на градот Скопје и претставува составен дел на градот. Таа е лоцирана на северниот дел на градот и се граничи со општините Бутел и Чучер Сандево. Според член 8 од Законот за градот Скопје, граничната линија на Шуто Оризари започнува од раскрсницата на трите гранични линии на општините Бутел, Шуто Оризари и Чучер Сандево и ја следи граничната линија на општина Бутел по локалниот пат до Визбегово, свртува на патот кон Визбегово, продолжува по надворешната гранична линија на Горно Оризари до раскрсницата на трите гранични линии на Бутел, Шуто Оризари и Чучер Сандево. Општина Шуто Оризари зафаќа површина од 7,48 km² и има густина на населеност од 2.943,75 жители/km². Во состав на општината влегува и селото Горно Оризари.